Меки внатре, крцкави однадвор – овие кокосови колачиња со урда ќе ве освојат! Еве како да ги приготвите лесно и брзо.

Состојки

  • 1 јајце
  • 2 лажици шеќер
  • 200 г урда
  • 200 г кокосови трошки
  • 3 лажици пченично брашно
  • 0,5 лажичка сода бикарбона
  • 30 г путер

Подготовка

  1. Во длабок сад ставете го јајцето. Додадете шеќер и измешајте со жица за матење или миксер додека не се соедини.
  2. Во друг сад просејте го брашното со содата бикарбона.
  3. На изматеното јајце додадете ја урдата и изгмечете со виљушка.
  4. Потоа додадете ги кокосовите трошки, растопениот путер и убаво измешајте.
  5. Замесете тесто прво со лажица, а потоа со раце. Треба да биде меко, малку лепливо, но сепак цврсто. Ако е потребно, додадете уште брашно, зависно од влажноста на урдата и големината на јајцето.
  6. Постелете тава со хартија за печење и малку намачкајте ја со масло.
  7. Со раце, намачкани со истото масло, формирајте топчиња од тестото. Ставете ги на тавата на мало растојание едно од друго и малку притиснете ги со влажна лажица.
  8. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги кокосовите колачиња 20-25 минути додека не добијат златна боја.
  9. Оставете ги колачињата да се оладат, а потоа малку посипете ги со шеќер во прав.

Categorized in: