Има многу рецепти за маринирани печурки, но изгледа дека Италијанците го знаат тајниот рецепт за највкусното предјадење.
Состојки
- Печурки 500 г
- Јаболков оцет 50 мл
- Маслиново масло 3 лажици
- Кромид 1 главица
- Сол 1 лажичка
- Магдонос 2 лажици
- Дијон сенф 1 лажичка
- Шеќер 1 лажица
- Лук 2 чешниња
- Италијански зачини 1 лажичка
- Ловоров лист 1 лист

Подготовка
- Измијте ги печурките. Помалите оставете ги цели, а поголемите исечете ги на четвртини. Варете ги во солена вода до 7 минути.
- Лукот излупете го и исечете го на кругови, а кромидот исецкајте го на ситни коцки.
- За да ги подготвите маринираните печурки, измешајте малку сол, шеќер и оцет. Кога шеќерот ќе се раствори, додадете лук, кромид, исечкан магдонос, сенф, италијански зачини и ловоров лист во маринадата. Оставете го сето тоа 10 минути.
- Сега додадете масло и уште топлите печурки во маринадата. Промешајте и оставете да се изладат целосно.
- Префрлете ги печурките во стаклена тегла, затворете ја со пластичен капак и оставете ги преку ноќ во фрижидер. Вкусните маринирани печурки се готови.




