Пробајте го овој миризлив десерт за со чај, кој ќе го обожава целото семејство.
Состојки
- 590 г пченично брашно
- 20 г квасец
- 265 мл млеко
- 30 г шеќер
- 30 г путер
- 2 јајца
- 30 г мед
- 1 прстофат сол
- 250 г сирење
- 200 г кисела павлака
- 3 лажици шеќер во прав
- 1 лажичка ванила екстракт
- 1 лажица пченкарен скроб
- 2 жолчки
- 100 г суво грозје

Подготовка
- Раствори го квасецот во 250 мл топло млеко. Додади 90 г пченично брашно и 30 г шеќер. Добро измешај. Покриј со фолија и остави 10-15 минути.
- Смесата со квасец префрли ја во голем сад. Додади 500 г пченично брашно. Додади 1 јајце, мед, 30 г путер и сол. Замеси тесто. Покриј го со фолија и остави го на топло место половина час.
- Во друг сад измешај сирење, кисела павлака, суво грозје, шеќер во прав и пченкарен скроб. Додади 2 жолчки и 1 лажичка ванила екстракт. Добро измешај.
- На површина посипана со брашно, размеси го нараснатото тесто.
- Подели го на 3 еднакви делови и секој раскукај го во тенка кора. Стави третина од смесата со сирење на првата кора, не до рабовите. Завиткај во ролна. Направи го истото со секој дел од тестото.
- Готовите ролни исплети ги во плетенка. Стави ја во тава за печење, намачкана со путер и посипана со брашно.
- Направи надолжни засечувања по целата плетенка. Покриј и остави ја 15 минути. Потоа измешај јајце со 1 лажица млеко. Со добиената смеса намачкај го тестото. Печи во загреана рерна на 170 степени 40 минути.









