NE

News Elementor

What's Hot

MAGGI полнети пиперки

Во традиционалниот рецепт за полнети пиперки воведовме летен модерен „twist“. Доколку ви се допадна оваа идеја, направете и самите своја верзија на ова јадење, па кажете ни го вашиот рецепт за MAGGI идеја за полнети пиперки!

Состојки :
5 благи жолти пиперки
500 гр тиквички
1 кромид
10 гр лук
200 гр бел ориз со долги зрна
100 гр сирење
5 гр бибер
5 гр магдонос
5 гр сол

Упатство:

 

Подготовка на зеленчуците

Пиперките пресечете ги на половина и исчистете ги
од семките. Тиквичката измијте ја и изрендајте ја на
крупно ренде, посолете ја, па оставете ја десетина
минути да го испушти сокот, а потоа исцедете.

Динстање на на зеленчуците

Кромидот и лукот исчистете ги и исечкајте ги ситно,
па пропржете ги на малку масло. Додадете ги
претхдодно сварениот ориз и ренданата тиквичка.
Динстајте се заедно неколку минути.

Соединување

Додадете ја MAGGI идеја за полнети пиперки, да
почне да врие, па тргнете од оган за да се олади. Во
смесата додадете сирење и соединете.

Печење и сервирање

Наполнете ги пиперките со смесата и ставете ги да се
печат во загреана рерна на 200 степени, па украстете
со ливче магдонос.

 

Енергија 374.3 kcal
Протеини 16.03 g
Јаглехидрати 60.1 g
Масти 9.08 g

Можете да погледнете и:

ПОПУЛАРНО

Избираме за Вас

©2024- Part of IGAL Group