Лиснато тесто, пилешко филе и семки од сусам – и на вашата маса ќе имате неверојатно јадење!

Состојки

  • Лиснато тесто 500 г
  • Пилешко филе 2 парчиња
  • Сусам по вкус
  • Сол по вкус
  • Црн пипер (мелен) по вкус
  • Сончогледово масло по вкус

Подготовка

  1. Пилешкото филе исечете го како за шницли и добро истолчете. Потоа посолете и наросете со црн пипер.
  2. Тестото расукајте го и врз него ставете го пилешкото. Завиткајте го во цврст ролат и исечете го на парчиња со дебелина од околу 1,5 см.
  3. Парчињата извалкајте ги во семките од сусам од двете страни и ставете ги на плех обложен со пергамент и намастен со сончогледово масло.
  4. Ставете ги ролатчињата во загреана рерна на 180 степени за 40-45 минути. За да не се исушат, ставете под плехот сад со вода.

Categorized in: