Сливовата пита е еден од највкусните десерти. Заборавете на јагодите и кајсиите за момент. Изненадете го семејството со нов десерт.
Состојки
- 70 г пченично брашно
- 50 г путер
- 50 г шеќер
- 1 прстофат цимет
- 600 г сливи
- 30 г кокосови трошки

Подготовка
- Измијте ги сливите и извадете ги семките.
- Подгответе трошки од брашното и омекнатиот путер. Додадете цимет и шеќер.
- Намастете го дното на тавата со малку путер. Наредете ги сливите. Посипете ги со трошките. Печете 25 минути во рерна загреана на 200°C.




