Нешто поинакво и многу брзо предјадење за новогодишната трпеза. Чекор по чекор рецепт за подготовка на вкусни залчиња на чипс.
Состојки
- Чипс 100 г
- Топен кашкавал 2 парчиња
- Крабови стапчиња 100 г
- Јајца 3 парчиња
- Домати 1 парче
- Лук 2 чешниња
- Мајонез по вкус
- Зелени зачини по вкус

Подготовка
- Измиј го доматот и исечкај го. Ситно исечкај ги крабовите стапчиња.
- Свари ги јајцата, па исечкај ги. Ситно исечкај ги зелените зачини.
- Сомели го лукот и измешај го со мајонезот.
- Изрендај го топениот кашкавал и измешај го со останатите состојки.
- Стави од готовата паста на чипсот и сервирај.

