Ги правам два пати, а сепак не се доволно! Брзи и диетални колачиња за само 20 минути.
Состојки
- 150 г гречано брашно
- 250 мл јогурт
- 3 лажици какао-прашок
- 1 белка од јајце
- 100 г урми
- 3 лажици кокосови трошки
- 3 лажици вода
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 прстофат сол

Подготовка
- Белката малку изматете ја со прстофат сол и додајте ја во јогуртот. Измешајте добро за да добиете хомогена смеса.
- Просејте го гречаното брашно и измешајте го со какао, кокосовите трошки и прашокот за печиво. Додајте ги сувите состојки во смесата со белката и јогуртот. Добро измешајте за да нема грутки.
- Исчистете ги урмите од семките, додајте вода и ставете ги во микробранова печка за 2 минути. Потоа, со блендер направете пире и додајте го во тестото.
- Рацете навлажнете ги со вода и формирајте мали топчиња од тестото. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење и секое малку притиснете го со вилушка или едноставно сплескајте го.
- Печете околу 15-20 минути во претходно загреана рерна на 180-200 °C. Пред сервирање, оставете ги целосно да се оладат.






