Оваа пикантна шакшука со хариса сос ќе ви го разбуди апетитот на најсилен начин!
Состојки
- 3 чили пиперки
- 12 чешниња лук
- 8 лажици маслиново масло
- 1 лажичка зира
- 1 лажичка коријандер
- 100 г магдонос
- 2 лажички сол
- 1 кромид
- 1 пиперка
- 4 домати
- 4 зелени кромидчиња
- 0,5 чаша доматно пире
- 2 лажички пипер
- 1 лажичка црн пипер (мелен)
- 4 јајца

Подготовка
- Пресечете ги чили пиперките по должина, извадете ги семките и ставете ги во вода за 1-2 часа за да ја намалите лутината.
- Подгответе го хариса сосот. Во блендер ставете ги чили пиперките, лукот, 2 лажици свеж магдонос, 5 лажици маслиново масло, зира, коријандер и 1 лажичка сол. Измелете на висока брзина.
- Исечете го кромидот на полумесечинки, пиперката на ленти, а доматите на парчиња. Загрејте 3 лажици маслиново масло во длабока тава и испржете прво кромидот додека стане проѕирен, потоа пиперката додека омекне и на крај додадете ги доматите.
- Додадете го доматното пире, пиперот, мелен црн пипер, сечкан магдонос, 1 лажичка сол и хариса сосот. Промешајте и гответе уште 1 минута.
- Префрлете ја смесата во керамичка или чугунска тава за печење, одозгора разбијте 4 јајца и печете 5 минути во загреана рерна на 180 степени. Пред сервирање, посипете ја шакшуката со сечкан зелен кромид.

