Ако сè уште мислите дека вкусен и брз појадок е само сон, тогаш не сте го пробале овој рецепт. Дајте му шанса.

Состојки

  • Лепчиња 4 парчиња
  • Јајца 4 парчиња
  • Шунка 150 г
  • Тврд кашкавал 100 г
  • Зеленчук 1 врзоп

Подготовка

  1. Загреј ја рерната на 180 °C.
  2. Земи го секое лепче и отсечи го врвот, делејќи го на 2 дела. Со нож или лажичка извади ја средината од долниот дел. Ѕидовите треба да останат околу 1 см дебели.
  3. Исечи ја шунката на парчиња. Стави парче шунка на дното од секое лепче. Внимателно стави сурово јајце врз шунката.
  4. Изрендај го тврдот кашкавал. Ситно исечкај го зеленчукот. Измешај ги двете состојки.
  5. Посипи го јајцето со смесата од зеленчук и кашкавал.
  6. Покриј го лепчето со врвот што го отсече во првиот чекор.
  7. Земи фолија и завиткај го секое лепче.
  8. Стави ги мини појадоците на плех и печи ги во рерна 10 минути.

Categorized in: