Брза пита со шунка и кашкавал што може да ја замени пицата: погледнете го брзиот рецепт со чекор-по-чекор на нашиот сајт.
Состојки
- Шунка 250 г
- Лиснато тесто 500 г
- Кашкавал 100 г
- Јајце 1

Подготовка
- Одмрзни го лиснатото тесто и подели го на два еднакви дела. Расукај ги во тенки кори со дебелина од 3 мм.
- Изрендај го кашкавалот на крупно ренде, а шунката исечи ја на коцки.
- Стави го филот на првата кора и покриј со втората.
- Измати го јајцето и премачкај ја питата.
- Печи 30 минути на 180 степени.




