Менемен е одличен турски појадок кој ќе ве засити. Еве го рецептот, чекор по чекор.

Состојки

  • 4 јајца
  • 3-4 домати
  • 1 кромид
  • 1 лута пиперка
  • 1 пиперка
  • црн пипер по вкус
  • 5 маслинки
  • сол по вкус
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка сумак
  • 100 г фета сирење
  • 2 лажици маслиново масло
  • 150 мл јогурт
  • магдонос по вкус
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка лимонов сок

Подготовка

  1. Ситно исечкај го кромидот и ставете го во тава со загреано маслиново масло. Исечете ја лутата пиперка по должина, отстранете ги семките и додајте ја во тавата со кромидот.
  2. Прво, исечете ја пиперката на тенки ленти, потоа на коцки. Додајте ја во тавата и промешајте. Доматите преполовете ги и изрендајте ги. Додајте го добиеното пире во тавата. Зголемете ја топлината, мешајќи за да испари влагата побрзо.
  3. Додајте ги јајцата во тавата. Работете брзо за да не се стврднат јајцата. Намалете ја топлината, зачинете со сол и црн пипер по вкус, додајте оригано и сумак. Постојано мешајте со шпатула додека менеменот не се згусне, но да остане кремаст. Наросете го омлетот со ронета фета.
  4. За сосот, измешајте јогурт со сечкан магдонос, ситно сечкани маслинки и лук. За вкус, додајте лимонов сок, малку сол и пипер, и измешајте.

Categorized in: