Евината труфла е чоколаден деликатес на кој е тешко да му се одолее…

Состојки

  • 225 г путер
  • 460 г темно чоколадо
  • 9 јајца
  • 100 г шеќер
  • 0.25 лажичка лимонска киселина
  • какао во прав по вкус

Подготовка

  1. Стопете го темното чоколадо со висок процент на какао и путерот на пареа, постојано мешајќи.
  2. Одделете ги белките од жолчките. Во посебен сад, изматете ги жолчките со шеќерот додека не добиете цврста смеса, околу 5 минути.
  3. Внимателно измешајте ги изматените жолчки со чоколадната смеса, која треба да биде оладена.
  4. Одделно, изматете ги белките со лимонската киселина додека не добиете меки врвови.
  5. Вмешајте ги белките во чоколадната смеса, внимателно мешајќи со шпатула одоздола нагоре.
  6. Земете округол калап со пречник од 23 см, намачкајте го со путер и посипете со брашно. Истурете ја смесата во калапот и израмнете ја со влажна лажица.
  7. Загрејте ја рерната на 150 °C. Печете 35 минути. Потоа извадете ја тортата од рерната и оставете да се излади. На прв поглед, тортата може да изгледа недопечена, но преку ноќ во фрижидер ќе ја добие посакуваната конзистенција. Посипете со какао во прав.

Categorized in: