Вкусни кашкавални стапчиња направени од лиснато тесто и обвиткани во сланина. Брза и апетитна закуска за секоја прилика.
Состојки
- Лиснато тесто 450 г
- Сланина 350 г
- Чедар 200 г
- Провансалски зачини 1 лажичка

Подготовка
- Сланината исечете ја на тенки, долги ленти, треба да добиете 25–30 парчиња.
- Одмрзнатото лиснато тесто развлечете го, премачкајте го со јајце, наросете рендан кашкавал и зачини.
- Лесно поминете со сукалка преку тестото. Исечете го на ленти широки 2 см.
- Секоја лента од тестото обвиткајте ја со сланина и ставете ги на плех обложен со фолија.
- Печете ги стапчињата на 180 степени за 30 минути.

