Компот од јаболка со урми и цимет: здрав десерт без грам шеќер.
Состојки
- Јаболка 3 парчиња
- Суви кајсии 4–5 парчиња
- Урми 4 парчиња
- Вода 400 мл
- Јаворов сируп 1 лажица
- Ѓумбир 1 лажица
- Кардамон 1 прстофат
- Цимет 1 прстофат

Подготовка
- Стави врела вода врз сувите кајсии и остави ги 20 минути, потоа исцеди ја водата и исечи ги кајсиите на ленти. Извади ги семките од урмите и исечи ги на поголеми парчиња. Излупи ги јаболката, извади го средиштето и исечи ги на поголеми парчиња.
- Стави ги сите состојки, вклучувајќи ги зачините и сирупот, во тенџере со дебело дно. Загреј до вриење на висока температура, веднаш намали ја температурата, поклопи и остави да крчка 5–7 минути.
- Извади една третина од содржината на тенџерето и изблендирај ја со блендер, врати го пирето во тенџерето, повторно загреј до вриење и веднаш исклучи ја температурата.


