Како да подготвите најнежен „Шок манже“ по посебен рецепт. Чекор по чекор со слики. Совршено празнично задоволство!

Состојки

  • 6 јајца
  • 270 г шеќер
  • 150 г млечна чоколада
  • 180 г путер

Подготовка

  1. Одвојте ги белките од жолчките.
  2. Со миксер изматете ги белките додека не станат пенасти, постепено додавајќи половина од шеќерот.
  3. Потоа изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер.
  4. Внимателно соединете ги двете смеси со шпатула.
  5. Растопете ја млечната чоколада и путерот на пареа додека не се соединат.
  6. Добиената чоколадна смеса додадете ја во изматените јајца.
  7. Истурете ја смесата во калапи и ставете ги во замрзнувач на 3 часа.
  8. По желба, украсете со кокосови трошки или цимет.

Categorized in: