Волшебен лосос, печен во сладок сенф-мед сос, кој просто се топи во уста! Нема потреба да пробувате друг рецепт.
Состојки
- Лосос 1 кг
- Путер 50 г
- Мед 1 лажица
- Дижон сенф 1 лажица
- Соја сос 2 лажици
- Сол по вкус
- Црн пипер (мелен) по вкус

Подготовка
- За да го подготвите сосот, ставете го путерот, медот, сенфот и соја сосот во тенџере.
- Ставете го тенџерето на тивок оган и постојано мешајте додека не се стопи путерот. Потоа тргнете го од оган и повторно измешајте.
- Исечете го филето од лосос на 6 еднакви парчиња и ставете ги на тава обложена со хартија за печење. Посолете и запиперете по вкус. Потоа, прелијте го рибата со соја-сенф сосот и ставете ја во загреана рерна на 200 степени за 10-15 минути.




