Никогаш не е доцна да го усовршите вашиот талент за готвење пилешко со компири. Еве уште еден одличен рецепт.
Состојки
- 800 г пилешки копани
- 1 кг компири
- 1 морков
- 1 главица кромид
- зачин за пилешко по вкус
- сол по вкус
- мелен црн пипер по вкус
- 1 китка свежи зачини
- 30 мл вода

Подготовка
- Ставете го пилешкото во тава за печење. Посипете го со зачините и добро измешајте.
- Ситно исечкајте го кромидот и распоредете го врз месото во тавата.
- Излупете го морковот и изрендајте го. Посипете го пилешкото со изренданиот морков.
- Компирите излупете ги и исечете ги на парчиња. Ставете ги одозгора. Додајте ги останатите зачини и 30 мл зовриена вода. Покријте ја тавата со фолија.
- Загрејте ја рерната на 180°C. Печете го јадењето еден час. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште 20 минути.
- Посипете ги готовите компири со ситно сечкани свежи зачини.







