Овој леден колач со бело чоколадо и слој од јагоди ќе ве остави без зборови!
Состојки
- 200 г бисквити
- 90 г путер
- 175 г јагоди
- 50 г шеќер
- 50 мл вода
- 1 лажица скроб
- 300 г бело чоколадо
- 200 мл павлака
- 2 лажици бадемови ливчиња

Подготовка
- Издробете ги бисквитите во трошки, додадете растопен путер и добро измешајте. Ставете ја смесата во тркалезен калап, формирајќи кора со рабови со прстите. Ставете го калапот во замрзнувач 15 минути.
- Во тенџере ставете замрзнати јагоди и шеќер. Ставете го на шпорет, доведете до вриење и варете 2 минути.
- Во сад измешајте вода со скроб, па додајте ја смесата во јагодите и промешајте. Варете 2 минути, тргнете од оган и оладете. Истурете го оладениот јагодов фил во калапот и ставете во фрижидер 20 минути.
- Во посебен сад загрејте ја павлаката речиси до вриење, додадете парчиња чоколадо. Мешајте додека смесата не стане мазна, а потоа оладете. Истурете ја смесата од павлака и чоколадо врз јагодовиот фил, и одозгора наросете бадемови ливчиња. Ставете го колачот во фрижидер 4 часа.


